Во Република Северна Македонија првпат ќе се произведуваат електричните возила e-GO. На денешната владина седница ја одобривме владината поддршка за да се реализира оваа мултимилионска германска инвестиција, која ќе даде голем придонес во македонската економија, напиша попладнево на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.
Тој посочува дека првата фабрика од автомобилската индустрија во која првпат ќе се произведуваат целосни електрични автомобили се гради во ТИРЗ Тетово.
-Со изградбата на новата фабрика обезбедуваме нови работни места за нашите граѓани, договори за дополнитена соработка со други локални компании, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии. Ова е можност Северна Македонија да биде мапирана од странските инвеститори од автомобилската индустрија. Како Влада правиме сѐ за да обезбедиме подобра иднина за сите наши граѓани, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.