На денешната расправа за ребалансот на буџетот пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска потенцираше дека оваа влада предводена од СДСМ заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски досега ги имале најголемите промашување во економијата и ваквите промашувања, ваквото недозволиво по процент исполнување на капиталните инвестиции, градежништвото, економскиот раст во најмала рака кој и да е министер ќе си поднесе оставка.
Таа рече дека министерот Тевдовски не успеал во одреден временски период да ја подобри економијата, туку само придонел за влошување на економијата.
Пратеничката Кузмановска коментираше дека министерот Тевдовски нагласил дека има раст во индустриското прозиводство и раст на извозо, но тоа е резултат на одличното работење на тирзовите, односно тоа е благодарение на добрите политики кои претходно ги водеше владата на ВМРО-ДПМНЕ.
-Растот од 52 проценти на странските дирекни инвестиции од 2017 е резултат на реинвестирана добивка на веќе постоечките инвестиции во Република Македонија кои се пак заслуга на претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, истакна пратеничката Кузмановска.
Таа додаде дека токму тие странски инвестиции и тие 160.000 вработувања ја закрепнаа економијата во целокупното цунами кое СДСМ сега го направи и Македонија дојде во таков економски колапс.