четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

ЛАЖНИТЕ ИЗЈАВИ НА БИСЛИМОСКИ НАСПРОТИ РЕАЛНОСТА: „Нема причини за поскапување“, а од први јануари поскапа струја за 9,48 отсто и укинување на дневна евтина тарифа

ЛАЖНИТЕ ИЗЈАВИ НА БИСЛИМОСКИ НАСПРОТИ РЕАЛНОСТА: „Нема причини за поскапување“, а од први јануари поскапа струја за 9,48 отсто и укинување на дневна евтина тарифа

Цената на електричната енергија за домаќинствата ќе се зголеми за 9,48 проценти, а од 1 јануари се укинува и дневната евтина тарифа, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.

Како што изјави тој, евтината тарифа во текот на ноќта и во недела остануваат.

Рестроспектива на неговите изјави во последиот период и споредба со реалната слика на Македонија во врска со цените на струјата.

На 17 јуни од страна на РКЕ беше објавено дека укинување на евтината тарифа нема да има. Такво барање енергетските компании досега не доставиле, но и кога би го имало Регулаторната комисија за енергетика тоа нема да го дозволи.

– Во време кога домаќинствата економски се консолидираа од последиците од Ковид – 19, евтината тарифа се покажа како опција која граѓаните максимално ја користат. РКЕ не отстапува и ќе ги заштити граѓаните оваа форма на субвенција да трае и во новиот регулиран период, истакнаа тогаш од РКЕ.

На 5 октомври годинава, претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски во интервју за Дојче Веле изјави нема причина да се прави каква било паника во врска со цената на електричната енергија.

– Граѓаните треба да бидат мирни оти ‘А.Д. Електрани’ го покрива пазарот во целост и ги обезбедува потребните количини на електрична енергија. И тоа по 36 евра за мегават час во услови кога цената на светските берзи е 140 или 150 евра. Обезбедени сме до Нова година, но и потоа, ќе имаме тендер и А.Д. ЕСМ повторно ќе има понуда и не мислам дека може да се очекуваат промени. Така што засега не гледам причини за корекции на цената на струјата која, да ве потсетам, се утврдува секогаш во јуни, изјави за Дојче веле Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

 

Истиот месец, неколку дена подоцна, на 12 октомври, Марко Бислимовски во изјава за медиуми заедно со премиерот Зоран Заев истакнаа дека до крајот на годинава нема да се менува цената на електричната енергија.

– До крајот на годинава нема да се менува цената на електричната енергија, а сега е многу рано да предвидиме што ќе се случува после тоа, порачаа тогаш Зоран Заев и Бислимоски.

Додека власта и директорот на РКЕ, Марко Бислимоски ја „смируваа“ македонската јавност во изминатиот период дека нема да има зголемување на цената на електричната енергија и евтината тарифа во никој случај нема да се укине, денес сме сведоци дека сите тие нивни изјави пропаднаа во вода откако официјално излезе соопштението од РКЕ, а тоа дека струјата поскапува за цели 9,48 проценти.

Во време на ковид пандемија кога многумина останаа без своите работни места и граѓаните се на раб на егзистенција, власта реши да ја укини и дневата евтина тарифа, а Дојче Веле објави дека исто така можно е скопјани од 1 јануари да останат без парно греење.

 

ДОЈЧЕ ВЕЛЕ: Скопјани можат да останат без парно греење од 1 јануари