четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Мицевски: Граѓаните на Република Македонија добија покачена акциза и продолжување на проектите од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Мицевски: Граѓаните на Република Македонија добија покачена акциза и продолжување на проектите од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

На вчерашната расправа за ребалансот за буџетот пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски потенцираше дека со овој ребаланс на буџетот за 2018 оваа Влада докажа дека тие се влада само за едно прашање, алудирајќи на спорот за името.

-Владата на СДСМ сама го донесе буџетот за 2018 година  кои сами го имаа планирано и за која носат целосна одговорност. Но, ако претходно можеа да се вадат дека наследиле буџет од претходната влада, ако можат претходно да се вадат дека имало избори, и кризна година и сите оние случувања кои беа актуелни во државата, 2018 година е буџет кои сами го планираа и требаше сами да го реализираат. Буџетот во кој ветуваа и требаше да донесат 500 евра просечна плата, 100.000 денари плата на докторите, поврат на ДДВ и други предизборни ветувања- истакна Мицовски.

На сето ова Мицовски потсети дека наместо сето ова, граѓаните на Република Македонија добија покачена акциза и продолжување на проектите од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за кои тие велеа дека се проблематични.

-Во почетокот на 2018 година се случи нов шок во економијата, а тоа ниска реализција на капиталните инвестиции. По крајот на првиот квартал излезе извештајот за растот кој беше 0.1 процент, потсети Мицовски.

Тој потсети дека на владата предводена од СДСМ и биле потребни месеци за да го пушти автопатот Скопје- Демир Капија, веќе година и пол не можат да го пуштат во употреба патот Миладиновци-Штип чие пуштање е одложено веќе неколку пати.