Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на пазарџиите ќе им ги презентира подзаконските акти од Законот за трговци на зелените пазари со кои се регулира начинот на организирање на пазарите.
Средбата ќе се одржи во седиштето на Комората на трговци по што министерот Бектеши ќе ги посети пазарџиите на скопскиот Бит пазар.
Во Македонија има зелени пазари во над 50 општини и околу 20.000 тезги. Само Скопје брои 13 зелени и еден добиточен пазар.
(Миа)