петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Миноски во црногорски медиум објаснува што е клучно за надминување на кризата

Миноски во црногорски медиум објаснува што е клучно за надминување на кризата

Клучно во оваа ситуација е да се покаже лидерство, решителност и брзина во постапките на креаторите на економската политика. Државата мора да „внесе“ пари во економијата преку заеми и субвенции. Оние што повеќе имаат корист од државата во различни форми, во периодот пред оваа криза, треба да преземат поголем товар.

Особено би алудирал на банките, кои остваруваат огромни профити од компаниите и граѓаните, а и неодамна го истакнав тоа анализирајќи ја врската помеѓу економијата и етиката.

Ова се само дел од потребните активности за да се излезе од економската криза предизвикана од коронавирусот, според докторпт по економски науки, Кирил Миноски, поранешен министер за финансии на Македонија и во моментов консултант на Министерството за финансии на Турција.

Ви пренесуваме дел од неговото интервју дадено за Volim Podgoricu

Што е клучно за надминување на кризата?

Повеќето економисти веруваат дека стимулирањето на целокупната побарувачка и „вбризгувањето“ пари во економиите е клучот за надминување на кризата. Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, неодамна го кажа ова во своето обраќање пред јавноста, а порано истиот рецепт го применија скоро сите најголеми економии во светот: САД, Германија, Франција, ЕУ, Турција. Во овие земји се создадени досега невидени пакети за финансиска поддршка на националните економии.

Мерките што ги преземаат земјите во регионот варираат во зависност од нивната економска сила и се поделени на два сегмента: мерки за фискална политика и мерки за монетарна и макроекономска политика. Во фискалната сфера, обично се преземаат мерки како што се одложување на даночни плаќања, субвенционирање на плати на вработени и домаќинства, субвенционирање на пензии, нудење евтини кредитни линии, додека во областа на монетарната политика мерките се различни и обично вклучуваат намалување на основната каматна стапка на државните записи, одложување наплата на заеми за одреден временски период и слично. Во основа, мерките преземени во Црна Гора според она што можам да го видам како информација не се разликуваат многу од она што беше преземено во регионот и пошироко на глобално ниво. За жал, мислам дека по некое време во регионот, компаниите и граѓаните на крајот ќе останат да се грижат за себе, што е судбина на граѓаните и компаниите од оваа област, со оглед дека нашите економии се мали, ранливи и не се во можност да инјектираат пари на начин тоа го прават Америка, Германија, Франција.

Задолжување на државата наспроти колапс на економијата

Прво е неопходно да се види што е достапно за нас во земјата, да се анализира буџетот и, во меѓувреме, да се бараат средства на меѓународните финансиски пазари. Најдобро би било да се обезбедат со меѓународни финансиски институции: Светска банка, ММФ, Европската инвестициска банка итн. Во време на криза, задолжувањето е неопходно и оправдано за да се спаси економијата и животниот стандард на населението. Покрај позајмувањето, важно е средствата да се користат правилно и да постои транспарентност во нивното трошење.