Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава, во однос на истиот месец лани е намален за 2,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Во секторот Рударство и вадење на камен, е забалежан пад од 3,8 %, во секторот Преработувачка индустрија од 2,3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,6 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5,4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,9 %, додека пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6 %, Капитални производи за 4,5 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,0 %.
Во периодот јануари – февруари годинава, пак, бројот на работниците во индустријата се намалил за 2,4 отсто, покажуваат податоците на ДЗС.