понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Николовски: Имаме план и граѓаните да не се грижат – Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има

Николовски: Имаме план и граѓаните да не се грижат – Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има

Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

-Имаме план и граѓаните не треба да бидат загрижени, заедно обезбедуваме доволно храна за сите граѓани, истакна Николовски на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Владата, каде го презентира новиот модел за субвенционирање во земјоделството.

-Исправени сме пред досега најтешката и најнеизвесна криза. Војната во Украина донесе зголемени трошоци за земјоделците, недостиг на репроматеријали и не соочи со предизвикот како да обезбедиме доволно храна. Наша задача, како Министерство, е грижа за секој земјоделец – преку конкретни мерки да го стабилизираме домашното производство, да ги намалиме производствените трошоци и да обезбедиме зголемен принос и храна за сите граѓани, нагласи Николовски.