петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Економија

Ново поскапување на горивата од полноќ

Ново поскапување на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ. Цените на бензините и дизелот се зголемуваат.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,329 ден/кг и ќе изнесува 19,498 ден/кг.

Од 19.05.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 54,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 57,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 47,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 35,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 19,498 (денари/килограм)