Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43% % во однос на одлуката од 12.10.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,57%, кај дизелот намалувањето е во просек за 1,624%, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,02% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,209%
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,071% %.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,886 ден/кг.
Од 18.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 103,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 98,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 51,034 (денари/килограм)