петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Економија

Ова се новите цени на горивата во Македонија

Ова се новите цени на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28% во однос на Одлуката од 21.12.2020 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денар/литар.

Намалување за 0,136% има и кај малопродажната цена на Мазутот М-1 НС.

Од 29.12.2020 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи бележат зголемување: бензинот за 0,386 %, дизелот за 0,765%, кај екстра лесното масло има намалување во просек за 0,646% и кај мазутот намалувањето е за 0,348%.