Директорот на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, Патрик Мартенс вели дека Македонија влегува во енергетска криза. МЕПСО досега има четири предупредувања за ненајавен упад во европската мрежа.
-Северна Македонија влегува во енергетска криза. Земјата во моментов троши двојно повеќе електрична енергија отколку што произведува и црпи струја од европската мрежа за да ги задоволи дневните потреби. Државниот оператор за пренос на електрична енергија, МЕПСО, досега доби четири предупредувања за ненајавен упад во европската мрежа. Поради тоа Владата во вторникот прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена. Македонските производни компании се загрижени поради претстојната енергетска криза, но и поради последиците кои ќе ги предизвика недостигот на струја, пишува Мартенс во утринската телеграма на Делегацијата.
Во вторникот ја седница, Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена на барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија формирана од Министерството за економија.