сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Поскапува бензинот, ова се новите цени

Поскапува бензинот, ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата согласно методологијата на формирање на цените на енергенсите и новите пресметки покажуваат дека од ноќеска на полноќ граѓаните ќе плаќаат за еден денар поскап бензин.

Еуросупер БС 95 кој до сега се продаваше по цена од 81,5 денари за литар ќе чини 82,5 денари.

И цената на 98 ката се качува нагоре односно новата цена е за еден денар повисока и ќе чини 84,5 денари за литар.

Останатите деривати остануваат со непроменети цени.

Дизелот се продава по цена од 72,5 денари, а екстралесното масло за домаќинство 71.5 денари.

Со непроменета цена е и биодизелот кој се продава за 73,5 денари за литар.