четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Рамадани за „Фактор“: МЕПСО пак презема струја, ситуацијата е лоша

Рамадани за „Фактор“: МЕПСО пак презема струја, ситуацијата е лоша

Ситуацијата е лоша, од утрово повторно преземавме струја, но помалку од претходно затоа што и времето ни оди во прилог, изјави утрово за Фактор, првиот човек на МЕПСО Куштрим Рамадани.

Претходно ЕСМ соопшти дека заради дефект во котелот на Блок 1, целиот блок е исклучен синоќа во 3 часот наутро. Со ова практично, домашното производство е сведено на нула, а струја на располагање има од увозот кој го направи ЕСМ и сосем минимално од хидропотенцијалот. Рамадани е дециден дека мора брзо да се реагира и дека во моментов топлото време е на наша страна.

-Преземавме утрово струја од европската мрежа, но не многу околу 30 до 40 мегаватчасови струја. Сепак исклучувањето на блокот во РЕК Битола не ни оди воприлог, не се знае што ќе правиме со јагленот и дали освен за РЕК Битола ќе може да се стави во функција и ТЕЦ Осломеј. Секако ситуацијата со нула домашно производство не е во добра и не ни оди во прилог“, вели Рамадани за Фактор.

целиот текст прочитајте го на Фактор