среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Раст на кредитите и депозитите во јуни и на месечно и на годишно ниво

Раст на кредитите и депозитите во јуни и на месечно и на годишно ниво

Во јуни годинава вкупните депозити и кредитите забележуваат раст. Податоците на Народната банка покажуваат дека вкупните депозити продолжија да растат на месечна основа, што се должи на растот на депозитите на двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.

Годишната стапка на раст, според објавените податоци, изнесува 8,4 отсто, при поголем раст на депозитите на домаќинствата.

Вкупните кредити, исто така, продолжија да растат на месечна основа, со нешто поизразено учество на корпоративниот сектор. Годишниот раст на вкупните кредити изнесува 6,6 отсто и се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.

Во соопштението наведуваат дека со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, кај вкупните кредити е забележан раст од 7,9 отсто, на годишно ниво.

Депозитите на годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства“ се зголемени за 11,2 отсто, односно 8,7 отсто.

Кредитите на годишна основа, кредитирањето на корпоративниот сектор бележи раст од 4,6 отсто, додека вкупните кредити на домаќинствата забележаа годишен раст од 8,8 отсто.

Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, на годишно ниво, кај кредитите на корпоративниот сектор е забележан раст од 6,4 отсто, а кај кредитите на секторот „домаќинства“ од 9,6 отсто.