Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата.
Минатата недела РКЕ донесе одлука со која за половина денар се зголеми цената на дизел горивото. Бензините поевтинија за половина денар, додека цената на екстра леснотомасло за домаќинство остана непроменета.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 ден/кг и сега ќе изнесува 42,197 ден/кг.
Ова се актуелните цени на горивата:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,197 (денари/килограм)