Дали цените на прехранбените производи ќе останат замрзнати ќе одлучува Владата.
Министерот за економија објави дека доставиле одлука до Владата.
-Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година, објави на Фејсбук министерот за економија Крешник Бектеши.
Во декември замрзнати беа цените на лебот, брашното, месото, шеќерот, зејтинот, млекото, како и на сувомеснатите производи, сирењето, урдата, оризот, јајцата и тестенините.