Секој осми стан во земјава е под хипотека кај домашните банки. Податоците на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во третиот квартал лани во земјава имало вкупно 1.084.534 станови од кои дури 132.527 биле под хипотека – што практично значи дека преку хипотеките на банките е пренесена сопственоста на дури 12,22 проценти од станбениот фонд во земјава, пишува Денар.мк.
Скопје рекордер – секој петти стан заложен кај банките
Скопје е рекордер по заложени станови-дури половината од хипотеките се во главниот град. Податоците покажуваат дека на секој петти стан во метрополата „газди“ се банките. Така во катастарот во Скопје во периодот од јули до крај на септември биле запишани вкупно 317.084 станови, од кои дури 20,28 проценти или 64.301 се под хипотека.
Втор на листата градови со процентуално најмногу хипотеки во споредба со бројот на впишани станови во катастарот е Неготино каде на банките се пренесени имотни листови на 19,06 проценти од становите или од вкупно 12.906 станови во општината, дури 2.460 се под хипотека.
Гевгелија е на третото место според процентот на заложени станови и тоа од вкупно 23.690, хипотека има на 3.893 или на 16,43 проценти.
Целиот текст може да го прочитате на ДЕНАР.мк