четврток, 7. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Толку врева, а сепак, ланското производство на струја помало од пред 12 години?!

Толку врева, а сепак, ланското производство на струја помало од пред 12 години?!

И покрај енергетската криза која го вклучи алармот за целосно ангажирање на домашното производство, тоа во текот на минатата година, сепак, било помало отколку пред 12 години, покажува Извештајот за работењето на Регулаторната комисија за енергетика, кој го дава континуитетот од 2010 година, пренесува порталот „Пари“.

Во 2022 година се произвеле 5.634 гигават-часови електрична енергија, додека во 2010 година 6.774 гигават-часови. Интересни се податоците и за структурата на производството. Тие кажуваат дека минатата година производството на струја од термоцентралите (2.621 гигават-часови) е за дури 38,7% помало од она што било во 2012 година (4.277 гигават-часови). Притоа, производството од РЕК Битола е намалено за една третина (било 3.700 во 2010, а во 2022 е 2.354 гигават-часови), а од ТЕЦ Осломеј е преполовено од 577 на 267. Најдрастичен пад има кај хидроцентралите, каде што во 2010 година биле произведени 2.185 гигават-часови, а во 2022 година – 985. Со ваквов пад на производството кај главните енергетски капацитети, дури легитимно е прашањето како тогаш е постигнато намалување кај производството на струја од „само“ 17 проценти во 2022, а во однос на 2010 година? Придонес во намалување на минусот има КО-ГЕЛ, ТЕЦ Негоино, малите хидроелектрани , фотоволтаичните централи, Ветерници „Богданци“, како и струјата од ТЕ-ТО.

Повеќе прочитајте на Пари.