недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Трошоците за живот се зголемуваат, минимална плата од 240 евра, а трошоци од 550 евра месечно!

Трошоците за живот се зголемуваат, минимална плата од 240 евра, а трошоци од 550 евра месечно!

Трошоците за живот континуирано се зголемуваат додека платите остануваат исти. Ваквиот тренд се повеќе се забележува во Македонија што води кон тоа се повеќе луѓе да живеат на работ на сиромаштијата. Или додека минималната плата што ја зема еден граѓанин е околу 240 евра, додека основните трошоци за живот, според официјални податоци, изнесуваат нешто околу 550 евра.

Според најновите податоци синдикалната минимална кошница за август годинава изнесува огромни 33.538 денари при што бележи пораст. Чисто за споредба истиот месец минатата година синдикалната кошница изнесувала 32.749 што е за 789 денари покачена додека за 2018 година истиот месец изнесувала 32.464 што споредено со оваа година за месец август е порасната за повеќе од 1.000 денари.

Дека стандардот се повеќе паѓа и граѓаните немаат средства за основни егзистенцијални потреби зборува и фактот дека над 400.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата во државата и дека сиромаштијата во Македонија е најголема во регионот.

Инаку, владата предводена од СДСМ ветуваше плата од 500 евра и зајакнување на средната класа, но ништо од ова не се исполни. Економистите сметаат дека трошоците за живот дополнително ќе растат заради ефектот на спирално покачување на цените заради покачување на цената на струјата што ќе значи и додатно покачување на основните намирници за живот. Ова според економистите дополнително негативно ќе се одрази врз и онака нискиот стандард на живеење на македонските граѓани.