Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.
Согласно последната одлука на РКЕ, цената на дизелот се намали за 2,5 денари. Екстра лесното масло за домаќинство поевтини за 2 денари.
Цените на бензините и мазутот останаа непроменети.
Ова се актуелните цени на горивата:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,411 (денари/килограм)