вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Владата попушти пред притисокот на операторите, продолжен рокот за пререгистрација на програмите

Владата попушти пред притисокот на операторите, продолжен рокот за пререгистрација на програмите

Владата на вчерашната седница донесе измени и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба, со која се утврдува дека временскиот период во кој операторите беа должни да извршат пререгистрација на програмските сервиси кои ги реемитуваат, од 60 дена е продолжен на 150 дена.

Овој рок, како што соопштија под Владата, е продолжен со цел да ја исполнат обврската и да ја достават соодветно пропишаната документација до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која треба да ја прибават од странски радиодифузери.

Дополнително, а заради обезбедување на соодветни услови за информирање на јавноста во овој период на прогласена пандемија, со оваа Уредба е определена обврска за задолжително реемитување на програмските сервиси кои се веќе пријавени кај надлежниот регулатор од страна на операторите.

На ред се приватните ТВ медиуми…