четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Цените на горивата се зголемуваат за да има повеќе пари во буџетот за фирмите основани од Ковачевски

ВМРО-ДПМНЕ: Цените на горивата се зголемуваат за да има повеќе пари во буџетот за фирмите основани од Ковачевски

Цените на горивата се зголемуваат за да има повеќе пари во буџетот за фирмите основани од Ковачевски. Владата не ја намалува акцизата за горивата, и не ги прифаќа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, за да има повеќе пари собрани во буџетот, па оттаму да може да дели милиони, од кои дел во минатото земале и фирми основани од Ковачевски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека народот ќе плаќа за 1.5 денари поскап дизел, за да не трпат расходите во буџетот, кои се неразвојно димензионирани.

– Време е СДС наместо за себе да почне да работи за народот. А, дезертерот Ковачевски да си поднесе оставка, се додава во партиското соопштение.