недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Во април за 1,9 проценти намален бројот на работници во индустријата

Во април за 1,9 проценти намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работници во индустријата во април годинава во однос на април лани е намален за 1,9 проценти. Во периодот јануари – април година, пак, во однос на истиот период лани, има намалување од два проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во секторот Рударство и вадење камен во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бројот на работници бележи опаѓање од 3,1 процент, во Преработувачка индустрија од 1,8 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 1,5 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5,4 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6 проценти. Пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9 проценти, Капитални производи за 2,5 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,5 проценти.