сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Во изминатите 24 часа ЕСМ во целост произведе струја за домаќинствата и за малите потрошувачи

Во изминатите 24 часа ЕСМ во целост произведе струја за домаќинствата и за малите потрошувачи

АД ЕСМ на 23.10.2022 година произведе 10.709 MWh електрична енергија. Во Термоелектраните произведени се 6.896 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.813 MWh, соопштија денеска од владиниот Сектор за односи со јавноста.

– АД ЕСМ во изминатото деноноќие целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети, се наведува во соопштението.