понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Економија

Во Охрид почнува 21. Годишна берзанска конференција

Во Охрид почнува 21. Годишна берзанска конференција

Во Охрид денеска ќе се одржи 21. Годишна берзанска конференција на која се очекува да присуствуваат домашни и меѓународни експерти, претставници од бизнис секторот, банки, брокерски куќи и акционерски друштва.

Македонска берза веќе две децении години организира годишни конференции коишто претставуваат настан со препознатлив имиџ, како во однос на актуелноста на темите кои се предмет на дискусија, така и во однос на компетентноста на учесниците во бројните панели и одржани презентации и говори.

Поради пандемијата со Ковид -19 претходните две години оваа традиција беше привремено прекината.

На 21. Годишна конференција ќе има два централни панела и повеќе презентации. Покрај воведните обраќања на министерот за финансии Фатмир Бесими, претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити и главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, фокусот ќе биде ставен на геополитиката, енергетиката, банките и новите проекти на Берзата.

Претставници на четирите најголеми македонски банки ќе дискутираат за најновите случувања во секторот на првиот панел, насловен „Банките во новата реалност, а вториот панел ќе биде посветен на енергетиката „Ќе има ли долга и студена зима?“.

На настанот обезбедено е учество на водечки консултанти од В. Британија и од Холандија како креатори на двата стратешки документи на Берзата, Кодекс за корпоративно управување и Водичот за ESG известување на котираните компании.