петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Во септември мало зголемување на просечната каматна стапка кај вкупните кредити

Во септември мало зголемување на просечната каматна стапка кај вкупните кредити

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември изнесува 4,35 проценти и бележи мало месечно зголемување од 0,01 процентен поен. На годишна основа,
просечната каматна стапка на вкупните кредити е намалена за 0,11 процентни поени. Слична динамика има и кај просечната каматна стапка на вкупните депозити, којашто изнесува 0,70 проценти, додека на годишно ниво забележан е пад од 0,08 процентни поени.

Кај новоодобрените кредити, просечната каматна стапка во септември изнесува 4.09 проценти по забележан месечен и годишен раст од 0,05 и 0,06 процентни поени соодветно, додека просечната каматна стапка на новопримените депозити е зголемена за 0,15 и 0,22 процентни поени на месечна и на годишна основа и сега изнесува 1,07 проценти. (МИА)