Прометот во трговијата на мало, во февруари годинава во споредба со истиот период лани, бележи зголемување во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво и тоа номинално за 11,2, а реално за 7,8 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето во групата Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е за 6,8, а реално за 1,0 отсто, во Трговија на мало со автомобилски горива номиналното зголемување е за 58,7 отсто, а реално за 21,2 отсто, а во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, прометот е номинално зголемен за 2,5 отсто, а реално е намален за 5,6 тсто. (МИА)