недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Зголемувањето на акцизата на горивата може да предизвика ценовни шокови за граѓаните и штетно да влијае врз македонската економија

Зголемувањето на акцизата на горивата може да предизвика ценовни шокови за граѓаните и штетно да влијае врз македонската економија

Македонските граѓани се сочуваат со најсериозната криза од осамостојувањето, дури 78% од работниците во земјава се лично погодени од корона кризата.

-Над 100 илјади македонски граѓани се или отпуштени од работа или се испратени на принуден одмор. Ист е вкупниот број работници кои веќе добиле најава дека платата ќе им биде намалена. Владата на СДСМ наместо да им помогне на граѓаните таа преку зголемување на давачките кон државата само го зголемува товарот врз граѓаните и стопанството. Зголемувањето на акцизата на горивата може да предизвика ценовни шокови за граѓаните и штетно да влијае врз македонската економија. Факт дека Владата на СДСМ недоволно им помага на граѓаните, а за тоа говори и анализата на институтот за економски истражувања Сазадвег, според која Македонија е меѓу европските држави кои за помош на економијата вбризгале најмалку пари во првиот месец по прогласувањето на пандемијата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека вредноста на финансиската интервенција и помош во стопанството изнесува 0,2% од БДП. Од Република Македонија помалку пари одвоила само Белорусија која нема никакви рестриктивни мерки за превенција од ширење на коронавирусот.

-Додека СДСМ се фали со своите политики, граѓаните на свои грб ги чуствуваат „придобивките“ од неспособноста и расипничкото работење на СДСМ. Да не заборавиме дека во услови на криза иако нема пари за граѓаните, криминалните тендери и грантови и натаму се доделуваат по партиска линија, додаваат од партијата.