вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Животот денес поскап од животот лани: Статистика објави пораст на трошоците за живот и цените на мало

Власта од опозиција ветуваше подобар живот и поголем стандард, година дена подоцна гледаме зголемување на цените и намалување на платите.
Животот денес поскап од животот лани: Статистика објави пораст на трошоците за живот и цените на мало

Трошоците за живот во април годинава бележат раст од 0,3 проценти во однос на претходниот месец, а во однос на април лани 1,4 проценти, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци трошоците на живот во април во однос на претходниот месец бележат раст од 0,3 проценти, а во однос на април лани три проценти.

Додека растат трошоците за живот, платите паѓаат. Просечната плата падна за 867 денари во февруари оваа година, во однос на  јануари истата година. Зголемувањето на трошоците за живот, комбинирано со раст на цените на мало и големиот пад на платите води кон поголема немаштија и послаб стандард на граѓаните.

Власта од опозиција ветуваше подобар живот и поголем стандард, година дена подоцна гледаме зголемување на цените и намалување на платите.

Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 3,6 отсто, замрзнатото овошје за 1,2 отсто, другите преработки од месо за 0,9 отсто, месото за 0,7 отсто, другите прехранбени производи за 0,6 отсто, млекото за 0,5 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 0,4 отсто, трбушките и цигарите за 0,3 отсто, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,2 отсто.

Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 2,8 отсто, болничките услуги за 2,6 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2,1  отсто, велосипедите за 1,6 отсто, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 1,3 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, услугите за рекреација и спорт за еден отсто, поправките на електричните апарати за 0,9 отсто, малите електрични апарати зa 0,6 отсто, мебелот за домаќинствата за 0,4 отсто, средствата за чистење и одржување на станот, авионскиот превоз на патници за 0,3 отсто, обувките, материјалите за одржување и поправки на станот, алатитe и опремата за куќа и градина, другите медицински производи, телефон и телефакс-апаратите и телефон и телефакс-услугите, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0,2 отсто.