вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

ЗК со барање до Владата: Доколку се покачи минималната плата таа да биде субвенционирана од државата

ЗК со барање до Владата: Доколку се покачи минималната плата таа да биде субвенционирана од државата

Утринава од Занаетчиската комора во земјата реагираа преку писмен допис во медиумите, во кој истакнаа дека испратиле барање до Владата и Министерството за економија, во кое истакнуваат дека доколку се покачи минималната плата, таа да биде субвенционирана од државата.

– Занаетчиска комора на Република Македонија која ги застапува микро, малите и самостојните вршители на дејност односно занаетчиите, уште еднаш Ве информира дека реагиравме до Владата на РСМ и до Министерството за економија каде што дадовме наше образложение и потенциравме дека во моментот на оваа криза која е предизвикана од Ковид – 19 и во тешка економска состојба во која се наоѓа нашата земја, баравме доколку се покачи минималнта плата, таа да биде субвенционирана од државата се додека се тргнат рестрикциите за работа, односно субвенциите да бидат 3000 денари (разликата од 15000 до 18000 денари), се вели во дописот испратен до медиумите.