петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Еве кои се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ во општините во Скопје

Еве кои се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ во општините во Скопје

Просперитет, повеќе пари, сигурност и можности за создавање на иднина, кон ова највеќе ќе се стремат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ доколку станат градоначалници.

Од партијата велат дека во изборот на кандидатите за градоначалници се воделе пред се од мислењето на граѓаните, но исто така и она кое граѓаните го посакуваат за својата општина. Тоа се лица со исклучително богато професионално и лично искуство, проминентни и познати во средините во кои живеат, спремни да се посветат на општините во коишто ќе ги водат.

Ова се дел од кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода е Орце Ѓеоргиевски.

Ѓеоргиевски е Магистeр по човечки ресурси. Фамилијарен човек, сопруг и татко на едно малолeтно дете. Работи во приватиот сектор. Тој е и актуелен советник и координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Кисела Вода, каде силно се бори за интересите на граѓаните на Кисела вода, Орце е и организациски секретар на партијата, беше и член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а исто така имаше и други одгворности во рамки на партијата.

Орце се бори силно за Кисела вода и заедно со неговиот тим посветено по локалните избори на 17-ти октомври успешно ќе ја води општина Кисела Вода.

-После две децении напорна работа, комуникација со моите сограѓани, размена на идеи, креирање на визија и долгогодишна поддршка од моите сограѓани, мојата партија ВМРО-ДПМНЕ, заедно со поддршката на граѓаните, одлучи да бидам кандидат за градоначалник на овие локални избори.
Целиот живот живеам во општина Кисела Вода и најдобро ги знам сите проблеми, но и простор за развој и подобра иднина на општината и граѓаните и ве уверувам дека јас како градоначалник посветено и одговорно ќе работам и ќе бидам достапен за сите деноноќно.
Да расчистиме уште сега, јас нема да бидам салонски функционер, јас ќе бидам оној кој што повеќе ќе биде во населбите, маалата, уличките и пред секој двор за да го реши секој проблем и заедно да ја направиме Кисела Вода повторно најубава, како што и доликува на една од најстарите градски општини.
Овој пат, лично јас како Орце Ѓорѓиевски ја барам поддршката од вас, моите сограѓани, заедно да реализираме се што е зацртано.
На крајот сакам да му се заблагодарам за несебичната поддршка на претседателот Христијан Мицкоски кој од самиот почеток веруваше во мене и во моите искрени и чесни намери да ја вратам Кисела Вода како општина, на старите успешни патеки.
Товарот е преголем заради наталожените проблеми, но мотивацијата и одговорноста се многу поголеми од сѐ останото.
Падот на СДСМ ќе почне од Кисела Вода, пишува Ѓеоргиевски.

ВМРО-ДПМНЕ за Центар ќе оди со поддршка на кандидатурата на професор доктор Наташа Котлар.

Г-ѓа Котлар е родена Скопјанка. Редовен професор во Институтот за национална историја – Скопје. Сериозен интелектуалец, човек со енергија, жена со став за најважните прашања во Македонија, со доблест да ги каже кога многумина се плашат.

Нејзина специјалност е компаративната историја, конкрeтно, проучувањето на македонската историја во текот на балканските војни, а исто така и во текот на преродбата. Таа е автор на неколку монографии и повеќе научни трудови од областа на историјата на македонскиот народ. Настапувала на голем број научни симпозиуми и има познати трудови и во Македонија и во странство. Таа е еден од основачите на партијата „Глас за Македонија“ и е нејзин потпретседател од 2018 година. На Центар му треба промена, На Центар му треба човек со интегритет, кој обединува, на Центар му треба дама којашто ќе го однесе онаму кадешто му е местото, не помеѓу висококатници и уништување на зеленилото, туку во една урбана општина во којашто ќе биде привилегија и задоволство да се живее. Затоа сметаме дека професор доктор Наташа Котлар е најдоброто решение за општина Центар.

Кандидатот на општина Гази Баба е Бобан Стефковски.

Стефковски е магистер по безбедносни науки. Тој е државен советник во секторот за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа при министерството за труд и социјална политика. Млад и енергичен човек, со способност за работа со луѓе од различни професии , разбирање на социјалните проблеми како и разбирање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Израснат во Гази Баба, добро ја знае целата општина, сите го знаат добро и него. Убеден сум дека Боби е новиот градоначалник на Гази Баба кој шо покажа заедно со мнозинството кое што и сега го има ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Гази Баба, како можат да спречат штетни политики коишто актуелниот градоначалник сакаше да ги направи во Гази Баба пред се во делот отворање на индустриски капацитети коишто се од високо загадувачка индустрија. Боби се спротистави и успеа, и затоа Боби Стефковски е новиот градоначалник на Гази Баба којашто ќе ја направи поубаво место за живеење. Едно урбано и чисто место за живеење.

-Почитувани пријатели, сограѓани и сопартијци,
Денес, во јавноста излезе мојата кандидатура за градоначалник на Општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Сакам јавно да се заблагодарам на граѓаните на Општина Гази Баба и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба за поддршката која ми ја даваат целиот изминат период .
Јавна благодарност и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Извршниот и Централниот комитет за дадената доверба, тоа за мене претставува чест и задоволство, но истовремено и голема одговорност.
Во минатото, бев дел од Советот на Општина Гази Баба, секојдневно сум помеѓу граѓаните и добро ги имам детектирано заедничките проблеми.
Имам план, визија и програма за заедно со граѓаните да ја направиме Општина Гази Баба подобро место за живеење.
Како и до сега, а од денес и во ново поглавје ќе продолжиме сите заедно за поубава Гази Баба. Заедно ќе ги креираме и реализираме сите проекти за најуспешна општина.
Ги повикувам граѓаните на Општина Гази Баба без разлика на етничка, верска, политичка или било каква припадност, да ни се приклучат и да бидат дел од тимот на победничка Општина Гази Баба!, пишува тој на Фејсбук.

Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Сопиште е Стефче Трпковски, кој е актуелен градоначалник на општината.

Стефче покажа како се работи за сопствената општина и за сопствениот народ, во време на една невидeна репресија, во време на едно општествено назадување, покажа како се работи и какос е создаваат дела. Сопиште може да оди напред, и да се создаваат дела на кои ќе бидат горди граѓаните во следните четири години, затоа Стефче е нашиот избор. Тој е сопруг и татко на две малолетни деца. Завршил и пост дипломски студии на градежниот факултет.

-Се заблагодарувам на претседателот и партиските тела на мојата матична партија ВМРО ДПМНЕ за укажаната доверба и мое повторно кандидирање за функцијата градоначалник на општина Сопиште.
Зад нас имаме огромен број на успешно реализирани дела за доброто на сите жители во општината без разлика на етничката и партиската припадност.
Ви благодарам на довербата, пишува тој на Фејсбук.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираатдека целта им е да креираат нова слика за политиката, нов бран и нова генерација на политичари коишто ќе работат за доброто на народот.