четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

ФА нема да го казни Мурињо

ФА нема да го казни Мурињо

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) нема да го казни Жозе Мурињо по извештајот за средбата меѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл. Мурињо беше снимен по крајот на средбата како зборува на португалски, гестикулира со прстите, а ФА го испита случајот.

– Обвинението против Жозе Мурињо за наводното користење на злонамерен и/или навредлив/или несоодветен јазик не се докажа по седницата на независната комисија. Писмените мотиви за одлуката на комисијата ќе бидат објавени навремено. Оваа одлука е предмет на жалба, се наведува во соопштението на ФА.

Оригиналното мислење на ФА од 16-ти октомври, пак, гласеше: „Има тврдења дека неговиот јазик на крајот на натпреварот на камерата, како е снимен, е навредлив или несоодветен “.

Мурињо пак беше вовлечен во уште еден инцидент од Премиер лигата неколку круга подоцна, кога Манчестер Јунајтед гостуваше кај Челзи (2:2). Ремито за „сините“ го донесе Рос Баркли со гол во дополнителното време, а едниот од асистентите на Маурицио Сари – Марко Јани, се израдува силно пред погледот на Португалецот. Тоа не му се допадна на тренерот на „црвените ѓаволи“ кој тргна физички и вербално да се пресмета со него.

За своите манифестации пак, Јани доби казна од шест илјади фунти.

МИА