Во финалето на ФА Купот Мохамед Салах поради мускулна повреда излезе уште по 30 минути игра, додека неповолна вест за Клоп беше и тоа што Ван Дајк самостојно побара да запре по истекот на регуларните 90 минути.
Холанѓанецот му го отстапи местото на Матип во продолженијата, а по мечот откри дека се повлекол и не сакал да ризикува поради чудно чувство во коленото.
– Се надевам дека ќе бидам добро, но ќе го провериме тоа утре. Почувствував нешто во првото полувреме при еден спринт, почувствував треперење во задниот дел од коленото. Решив да продолжам да играм, но на крајот, не сакав да ризикувам. Истовремено, му верувам на Матип и сега останува да се надевам дека ќе бидам добро, – изјави Ван Дајк.
– Долго чекавме за овој трофеј во ФА Купот. Двата тима создадоа шанси и ова беше добро финале, но ние го имаме најдобриот голман во светот, – додаде Вирџил.