четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Македонија

ФОТО: Најмалку двајца загинати во двојна експлозија пред воена болница во Авганистан

ФОТО: Најмалку двајца загинати во двојна експлозија пред воена болница во Авганистан

Две лица загинаа, а осум се повредени во двојна експлозија во близина на воена болница во авганистанската северна провинција Балк.

По првата откако пристигнала полицијата експлодирала уште една бомба при што се повредени пет полицајци и четворица цивили. Еден цивил и еден полицаец подоцна починаа во болница.

Во меѓувреме во авганистанската источна покраина Нангархар загинаа двајца граничари, а девет лица се повредени при напад на талибанците.

Изминатите недели талибанците ги интензивираа нападите врз авганистанските безбедносни сили и покрај тоа што талибанците во февруари потпишаа мировен договор со САД. (МИА)