Денеска (15 февруари) во 10 часот и 30 минути, К.И.(42) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека при вршење ископ во двор на улица “Илинденска” во Гостивар биле пронајдени две артилериски гранати калибар 100 милиметри, кои најверојатно потекнувале од Втората светска војна.
Извршен е увид, гранатите се фотодокументирани и подигнати за транспортирање од претставници на Дирекцијата за заштита и спасување.