четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

115 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Битола

115 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Битола

На 25.04.2022 во времето од 14 – 20 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 115 возачи. 33 санкции се изречени на територија на Битола, 27 санкции на територија на Прилеп, 40 на територијата на Ресен, 6 санкции на територија на Демир Хисар, 7 во Македонски Брод и 2 Крушево.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.