четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

144 сообраќајни прекршоци во Скопје, 42 за брзо возење

144 сообраќајни прекршоци во Скопје, 42 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.07.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.