На 30.05.2023 околу 02.30 часот, полициски службеници на СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Б.(21) од Скопје.
-Тој се сомничи дека околу 20.00 часот на 29.05.2023 на ул.„Мирче Ацев“, заедно со Б.П.(21) од Скопје со употреба на сила внеле во возило 17-годишна малолетничка од Скопје , со која Б.П. бил во љубовна врска, а набргу потоа Б.П. и малолетничката се симнале од возилото и заминале, информира МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.