сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

23 годишен Романец измамил дедо од Крива Паланка – му земал 700 евра за овој производ, а кога го отворил тој морал да бара спас во полицијата!

23 годишен Романец измамил дедо од Крива Паланка – му земал 700 евра за овој производ, а кога го отворил тој морал да бара спас во полицијата!

На 15.09.2022 во 13.30 часот во с.Ранковце, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце го лишиле од слобода Г.И.(23) од Романија.

Тој се сомничи дека истиот ден измамил 74-годишен маж од Крива Паланка за сума од 700 евра. Како што е пријавено, тој се претставил дека е претставник на компанија за брендирани производи за домаќинство и се договориле за сумата да му продаде некои производи.

Откако Г.И. заминал оштетениот забележал дека производите не се од компанијата, односно не се оригинали, по што настанот го пријавил во полициска станица.