недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

28 казни за непрописно вградени фолии

28 казни за непрописно вградени фолии

Во периодот од 12.09.2022 до 18.09.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.

При контролата санкционирани се 28 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.