петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

32 лица не го почитувале полицискиот час, за неносење маска казнети 476 граѓани

32 лица не го почитувале полицискиот час, за неносење маска казнети 476 граѓани

Од 00.00 часот до 04.00 часот (16.05.2021) констатирано е дека 32 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (15/16.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 476 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.