Денеска (28.04.2022) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Велес за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 41 возач. Од нив, осум возеле без возачка дозвола, 25 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.