вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

45 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

45 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

Денеска (28.08.2022) во периодот од 15.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 45 возачи. Од нив 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.