недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

49 санкции за брзо возење во Тетово

49 санкции за брзо возење во Тетово

Денеска (11.10.2021) во периодот од 13.00 до 19.00 часот Секторот за внатрешни работи Тетово спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на тетовско-гостиварското подрачје, при што санкционирани се 49 возачи.

Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повече од дозволената брзина. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.