среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

61 санкција за непрописно вградени фолии

61 санкција за непрописно вградени фолии

Во периодот од 06.02.2023 до 12.02.2023 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 61 учесник во сообраќајот.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.