среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

66 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

66 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

Во текот на вчерашниот ден (26.08.2022) на територијата на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 66 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 21 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 45 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.