СВР Тетово информира дека вчера (22 февруари) во 11 часот и 40 минути, 73-годишна гостиварка пријавила дека околу 9 часот во зградата во која живее на улица „Беличица“ во Гостивар физички била нападната од нејзиниот 57 годишен сосед, исто така, од Гостивар.
Случајот целосно е расчистен и на пријавениот изготвен му е соодветен поднесок, извести полицијата.