недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

75 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Велес

75 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Велес

Денеска (05.09.) полициски службеници од СВР Велес спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Велес, при што санкционирани се 75 возачи.

Од нив, 11 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а двајца со дури над 70 километри на час над дозволеното.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.