Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (27.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 86 возачи, меѓу кои 49 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 11 за возење без возачка дозвола, 4 возачи се санкционирани за управување под дејство на алкохол, 8 санкции се изречени за непрописно паркирање, а една за користење на мобилен телефон при возење…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.